Вести

Македонецот живее под просекот

Очекуваниот животен век на просечен граѓанин на Македонија е 75,4 години, што е за 5,6 години пократко од жителите на ЕУ, кои во просек живеат 81 година, покажува истражување на Евростат.

Најдолг животен век во Европа, според процените на Евростат, се очекува да имаат Швајцарците - 83,7 години и Шпанците - 83,5 години, а најкраток - Бугарите и Литванците 74,9 години.Од државите во регионот најдолг очекуван животен век имаат Грците - 81,5 и Словенците 81,2 години. Просечниот очекуван животен век на граѓаните на Албанија е 78,5, на Црна Гора 76,5, а на Србија 75,7 години.По Швајцарците и Шпанците, најдолгo во Европа ќе живеат Италијанците 83,4 и Французите 82,7 години.Податоците што ги објави Евростат се изработени врз основа на очекуваниот животен век на новородените деца во Европа во 2016 година.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter