Вести

Тарик во Штип

Дом на млади од Штип  го презентира последен авторски проект, на познатиот хрватски актер Тарик филиповиќ.

Тој во Штип на 27-ми овој месец ќе настапи на сцената во Домот на културата “Ацо Шопов“ со моноизведбата “Ќиро“.Фудбалот предизвикува бура на реакции, за него се дебатира и истиот се сака на ниво на божество. Стадиони, навивања, репрезентацции, светски првенства се важни датумi. Фер е да се каже дека ако го прашувате народот ќе бидат забележани како државни празници. Еуфоријата околу овој спорт го достигнува врвот, па затоа темата на оваа монодрама му доаѓа некако природно . Но, покрај фудбалот во поширока смисла, во срцето на оваа монодрама наидувате на топла приказна, пренесување на ликот и карактерот на една фудбалска икона. Тој е повеќе од урбана легенда и мит.Што значеше Ќиро Блажевиќ за Тарик, во неговото созревање како човек и како страсвен фудбалски навивач?Приказната за сеопфатниот и неповторлив фудбалски тренер, тренер на сите тренери како што го нарекува на Светското првенство во Франција во 1998 година, чии реченици се цитирани ден денес и неговата славна реченица „сине мој“ .

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter