Вести

По Игор Киров, на ред е Бојан Мицев

Штип го има најдобриот амбасадор во светот за балет и современи танци Игор Киров, радува фактот што имаме млади кои одбрале да го одат истиот тој пат, сигурни сме дека за некоја година светот ќе слушне за младиот Бојан Мицев, студент на факултетот за музичка уметност, насока балетска педагогија – современ танц, и инструктор по современ танц во Битрикс - културно уметничкиот центар во Скопје.

Областа во која што тој  насочувам моите потенцијали е современиот и модерниот танц. Многу пожртвуваност, секојдневна физичка подготовка и самодисциплина се крие зад секоја изиграна претстава, но моментот на незаменливото чувство на сцена и аплаузот на крај е тоа што ме мотивира да се вложувам повеќе секој нареден пат. Бојан Мицев се држи до храброста на младоста, бидејќи за секоја желба и идеа постои начин за реализација, а за секоја препрека постои решение. 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter