Вести

Монографија за Петар Хаџиниколов

Во Штип од печат излегува и ќе биде промовирана монографијата за нашиот сограѓанин Петар Хаџи Николов, човек кој се посвети на музиката, и музиката нему.

Хаџи Николов е еден од зачетниците на музичкиот живот во Штип по Втората светска војна, тој е еден од основачите на октетот “Астибо“, но и на “Македонија диксиленд бенд“.Монографијата има 87 страници , а ја приреди историчарот Александар Донски.Паралелено со монографијата се изработува диск со видео материјали од октет “Астибо“.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter