Вести

Елена Голомеова ја отвара една од најзначајните манифестации “Штипско културно лето“

Пред 33 години, во Македонија ги имавме Скопско и Битолско лето, покрај фестивалот во Охрид, тогаш им се придодаде “Штипско културно лето“.

По 33 години лета има насекаде, што во суштина значи овие три летни манифестации ја завршија мисија за приближување на културата и уметноста и во другите урбани и рурални заедници. 33 години се запечачтуваат по вистинските уметнички вредности, така ќе биде и со ова ново издание кое започнува од утре. Солистичкиот концерт на штипската оперска ѕвезда, која живее и работи во Франција е белегот на ова штипско лето.Концертот уште кога се најави предизвика огромен интерес кај јавноста кој сега е потврден со тоа што бесплатните влезници фифнаа уште кога се отпечатија.Елена Голомеова ќе изведе дела од познатите мајстори на убавата музика, како што се Ташно срце од Кардило, Не ме заборавај од Куртис, интермеци од Кавалерија Рустикана на Маскањи, ќе бидат отпеани и други композиции, а меѓу нив и Чија си од Славе Димитров. Елена Голомеова , концертот ќе го изведе со помош на симфонискиот оркестар на Македонската опера и балет.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter