Вести

Ќофтиња од компири

Многу бргу, многу едноставно, а многу вкусно.

 

Потребни намирници:

  • 1 кг компири

  • 200 гр сирење

  • 2 главици кромид

  • 4 јајца

  • прстофат мелен црвен пипер

  • брашно

  • масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Компирите излупете ги, исечкајте ги и згответе ги. Исцедете ги и ставете ги во посебен сад. Во варените компири додајте сирење, рендан кромид, едно јајце и прстофат пипер, па сè убаво измешајте, изгмечете ги компирите со вилушка.

  2. Во посебна чинија ставете брашно, а во друга разматете ги останатите јајца. Подгответе тава со масло – ставете масло да го покрие дното, бидејќи додека компирите се пржат ќе впијат маст.

  3. Од смесата земајте парчиња и формирајте ќофтиња, извалкајте ги во брашно, па во јајца. Пржете ги додека не поруменат.

  4. Послужете со доматен сос, растопено сирење, свежа салата…

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter