Вести

Ноќта на “белите гаќи“

Прељубата е животно опасна работа.Викендов во Штип се случи ноќта на белите гаќи.

Пријател фати прв пријател во брачниот кревет.Другарите кои секој ден по кефетериите го делеле кафето и муабетот, за несреќа (среќа за другиот) ја делеле и жената.Се изместило нешто во животот, и пријателот П.А  го фати пријателот Д.Н.во својот кревет со својата сопруга Л.П..При рака му дошол месарскиот нож или сатарот и почнала бркотницата по населбата 8-ми ноември во Штип.Среќа прељубникот имал затоа што станот бил на приземје, па скок преку балкон и прељубникот побрзи нозе од понижениот маж.Судбината на прељубничката не е позната, или ќе биде позната во бракоразводна парница , ако ја има. Белите гаќи и натаму бегаат од сатарот.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter