Вести

Штипско културно лето почнува со концерт на Елена Голомеова

Дефинитивно 33-то издание на манифестацијата Штипско културно лето ќе започне на 29-ти јуни со концертот на штипската оперска ѕвезда Елена Голомеова, која живее и работи во Франција, а е родена штипјанска, со неа ќе настапи и исклучително квалитетниот инструменталист Васил Атанасов.

Комисијата за култура ја прифати понудената програма од 17 различни манифестации во областа на литературата, сликарството, музикчката уметност и театарот.Во театарскиот дел штипјани ќе имат прилика  да ја проследат хит претставата „Говорна маана“ со Игор Џамбазов, комедијата „Тоалет за дами“ на велешкиот Народен тетар.Вкупниот буџет кој го прифати и комисијата е 300.000 денари.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter