Вести

“Недоразбирања“ на сцена во Домот на културата

Дали мислите дека светот не е роден од капка иронија? Да, светот е роден од капка иронија, во кое човештвото е само еден од неговите подбиви.

Дека сакам да ве излажам, не, не сакам, ниту пак имам таква намера. Само ви ја нудам вистината за едно семејство. Албер Ками .Така младите вљубеници во театарот го најавуваат својот театарски предизвик насловен  Недоразбирања од Албер Ками во режија на Ана Марковска.. Како трагедија која ги отсликува идеите на егзистенцијализмот, во „Недоразбирање“ се застапени слични елементи како и во „Странецот“ – безначајноста на егзистирањето, бесмислата на животот и изгубеноста на човекот во новото општество.Во Недоразбирања играат Соња Пилатова, Борче Манев, Ана Марковска и Стефан Михов. Премиерата е закажана за утре во домот на културата Ацо Шопов од 20 часот.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter