Вести

Македонска рок енциклопедија

Македонската рок музика добива капитално дело во „Македонска рок енциклопедија“, која вечерва, е промовирана на платото пред Младински културен центар во Скопје.

Во издание на „Корпус деликти рекордс“, книгата е животен труд на долгогодишниот музички новинар Тошо Филиповски, кој во последните шест години работел на истражување и на нејзина подготовка, па сега во неа се собрани 333 музички групи и околу 2.500 музичари, опфаќајќи го периодот од 1963 до 2018 година. И ова е само прв том.во енциклопедијата тима биографии и на џез, електронски, амбиент, хип хоп бендови…, како и од сите оние поджанрови на рок музиката, како панк, реге, ска, метал, фанк, индастријал… Имаше само едно правило: во неа нема место за шлагерски, фестивалски, поп и фолк изведувачи“, вели Филиповски во најавата на книгата.

Книгата има околу 500 страници и содржи повеќе од 400 фотографии.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter