Вести

Расправа за музичка продукција

Дом на млади ќе биде домаќин на јавната расправа  што ја покрена советникот на премиерот Заев за култура  Цветанка Ласкова,како  и познати  автори и стручњаци од оваа област,предлагачи на моделот за рестартирање на Музичката продукција на МРТ, меѓу кои се проф.Живоин Глишиќ, Славе Димитров, Будимка Имери, Кире Костов, Љупчо Мирковски.

Модератор е посебниот советник во Министерството за култура, Петрит Сарачани.На расправата која ќе се одржи утре среда 25-ти април во 12 часот  се поканети професорите од Музичката академија при УГД-Штип, раководители на културно-уметнички друштва, на невладините организации, директорите на локалните медиуми, истакнати уметници и претставници на институциите од културата.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter