Вести

СЕ СЛУЧИ УБАВИНА

За вкусевите велат не треба расправа.Истенчениот вкус треба да се подржи и афирмира, во секоја област па така и во сферата на музиката и забавата.

Сношти во Штип во домот на Роберт Димитров – Роби, со мерка организирана забава, и со префинет вкус селектирани музичките нумери, можеме да тврдиме дека нешто позитивно се случува во музиката , а со неа и во светот на забавите.Малку очекувано беше да се слушат транскрипции во изведба на челистка и виолинистка, за крешчендо на тој вид музика, да создаде штипскиот виолинист Виктор Ангелов.Се исплатеше потерата по Ангелов, кој соврешено на виолина ги изведе популарните хитови прилагодени за виолина и за неговото авторитативно репродуцирање.Потоа неколку ди џеи ја презедоа одговорноста за музичката естетика, иако станува збор за класична забава.Нашиот јужен сосед ди џеј од Грција Василис Кронос, нека прости ако го згрешивме презимето, направа еуфоричем микс од разни правци на музиката, од кантри како мега хитото на една од најпознатите хитмејкерки Доли Партон “Џолин“, па до АББА, или класични соул изведувачи, од типот на Отис рединг.Секако овие различни жанрови се испреплетуваа во постојаното динамизирање на ритмот, без премногу експерименти со електроника, или божемен ритам и бит.Токму од оваа нулта позиција во следните неколку години, со таков музички селектор ќе се одредува музиката за танц и забава. Убавое што тоа го дознавме набеспрекорно организирана забава, преку гостување на одлични изведувачи од разни области на музичката уменост , но и од светот на музиката за одлични ментални хоризонти.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter