Вести

Нилска треска го тресе Балканот

Во Србија годинава се регистрирани 29 смртни случаи од западнонилска треска, а регистрирани се 286 заболени.

Само минатата недела починаа четири лица.Институтот за јавно здравје на Србија објави дека најголем број заболени има во Белград.Од земјите од регионот, вирусот е регистриран и во Хрватска, БиХ и Словенија.Вирусот западнонилска треска е сезонска болест и се пренесува од заразени комарци.Во земјите на Европската Унија досега се регистрирани 798 случаи на западнонилска треска, и повеќето пациенти се во Италија или 327 заболени лица, додека во Грција има регистрирано 168 случаи, а во Унгарија 134.Досега 44 лица починаа во ЕУ, од нив 18 во Грција, 13 во Италија и 12 во Романија. Во Србија вирусот за првпат бил регистриран во 2012 година, а оттогаш па до минатата година пријавени биле вкупно 574 случаи на заболени, од кои 61 лице починале.Сомнеж за присуство на нилска треска во Штип и Македонија, имало и при приемот на болничко лекување на починатата девојка од Штип.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter