Вести

Новинарите се исплашени

Новинарите се исплашени да зборуваат, исплашени дека ќе ја изгубат работата и 70 отсто од нив би ја напуштиле професијата за некоја друга работа, покажува истражувањето за состојбата на новинарството во регионот „Невидливо насилство: Стории од редакциите”, спроведено во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Истражувањето покажало дека новинарите не можат да работат во нормални услови и да земаат достоинствени плати. Тоа го покажуваат одговорите на новинарите од регионот на прашањето што е новинарот денес?. „Новинарите се рудари што работат за да преживеат“, „Новинарот (во Србија) е застрашен и послушен“, „Новинарот секојдневно се бори со ветерници“, „Новинарот е борец против цензура, автоцензура и притисоци од сите страни“. „Новинарот е синдикалец“, се дел од одговорите на новинарите

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter