Вести

Светски ден на детето

На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето.

Од 1990 година, како Универзален ден на детето се одбележува денот кога Генералното собрание на ОН ги усвои Конвенцијата за правата на децата и Декларацијата за правата на детето. Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност  на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат. 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter