Вести

Балкан - кијамет

Жолт и црвен метео аларм во повеќе делови од Балканот. Снегот и дождот предизвикаа колапс во регионот, затворени се автопати и некои локални сообраќајници.

Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Србија се зафатени со невреме проследено со снег, дожд и силни ветрови. Во Сараево падна снег, како и во поголемиот дел на Босна.Снежни врнежи се очекуваат и во наредните денови. Во Хрватска поради силна бура е затворен автопатот А1 и јадранската магистрала, додека на повеќе патишта во Горски Котар има проблеми во одвивањето на сообраќајот, а важи забрана за движење на камиони.Обилни врнежи од дожд и снег има и во Црна Гора, со што водостојот на неколку реки значително е зголемен. Поради врнежите од дожд во Црна Гора во сила е црвен метеоаларм.Во  Словенија освен во одредени делови каде што врне дожд и снег, главно е суво, но силни ветрови има во источниот дел на земјата.На словенечкото и на хрватското приморје проблеми предизвикуваат силните ветрови кои дуваат и со над 100 километри на час.На словенечкото приморје поради силната бура и снегот, без струја останале илјадници домаќинства.Во Србија на пониските места има врнежи од дожд, а на повисоките од снег, со значителен пад на температурата. Според прогнозите, врнежите ќе продолжат и наредните денови. Овој бран е последица од циклонска активност над јужна Италија.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter