Вести

Путин:Невести младоженци и сватови

Путин не сакаше  да го критикува американскиот претседател Доналд Трамп нарекувајќи го наивно прашањето дали е разочаран од Трамп.„Трамп не е моја невеста, а јас не сум негов младоженец“, рекол Путин, пренесе „Асошиетед прес“.

Запрашан како би се чувствувала Русија ако се поведе постапка за смена на Трамп, Путин рекол дека би било апсолутно погрешно Русија да коментира за американските внатрешни работи. Тој нагласил дека Русија го задржува своето право понатаму да го намали бројот на американскиот дипломатски персонал во Москва и да протера уште 155. Сепак, Путин рекол дека Москва тоа нема да го направи во овој момент, пренесуваат руските агенции. Реагирајќи на тоа што тој го нарече вашингтонски досадни акти без преседан кон руските дипломатски објекти во САД, Путин рекол дека ќе му нареди на Министерството за надворешни работи да поднесе тужба против американските власти поради кршење на руските сопственички права, наведе „Ројтерс“. Путин ова го изјави во кинескиот град Сјамен каде што се одржува состанокот на лидерите и членовите на работниот совет на БРИКС.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter