Вести

Не им продавајте овци на Mуслимани

Властите на општината Муртал – Австрија, ги повика одгледувачите на овци, да не ги продаваат на муслиманите.

Во писмото се укажува на празникот Курбан Бајрам, во кој муслиманите колат овци, поради што треба да обратат внимание и да не ги продаваат овие животни, ако постои сомнеж дека тие ќе бидат заклани по исламските правила.Се наведува дека кај муслиманите е обичај да се жртвуваат овците и ритуелно ги колат. Еден од сточарите кој го доби писмото шокирано реагираше прашувајќи како да препознате човек кој не сака да почитува закон. Тој истовремен рече, дека не секогаш е можно да утврдите кој купувач е од исламска вероисповед, и дека практикува ритуално колење, па овој повике е сватен како општ повик на муслиманите да не им се продаваат овци

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter