Вести

Допинг скандал ја тресе ФИФА

Руската хакерска група Fancy Bears откри допинг сканда, објавувајќи листа на 25 фудбалери, кои користеле забранети супстанци за време на Светското фудбалско првенство во Јужноафриканската Република.

На листата се Дирк Кајт ( Холандија), Марио Гомес и Ханс – Јерг Бут ( Германија), Мауро Каморанези ( Италиија), Карлос Тевез, Хуан Себастијан Верон, Габриел Хајнце и Диего Милито (Аргентина) и други. Хакерите објавија дека во текот на 2015 година  билзу 160 фудбалери настапувале допингувани, а пак следната 2016 тој број се зголемил на 200 .Од документите се гледа дека во текот на оваа година халфот на Барселона Арда Туран, користел забранета супстанца  “Кортикостероид“.Фифа секако ги демантира овие информации.Хакерите Fancy Bears дополнително објавија информација односно листа со 25 фудбалери од 12 држави кои имале право да користат забранети супстанци.Сепак стана јасно дека 150 фудбалери се фатени во употреба на допинг 2015 и над 200 во 2016 година. Имињата на фудбалерите засега не се објавени.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter