Вести

2.7 милијади долари за чист воздух

Пекинг оваа година ќе потроши 2,7 милијарди долари за борба против згадувањето на воздухот, јави агенцијата Синхуа.

Парите ќе бидат употребени на затворање или модернизација на повеќе од 2.000 фабрики кои се сметаат за најголеми загадувачи, замена на јагленот со чиста енергија на периферијата на градот, како и постепено исклучување на 300.000 стари возила од сообраќај.Властите сакат значително да го поправат лошиот квалитет на воздухот во Кина, посебно во главниот град.Последните неколку недели Пекинг беше со многу загаден воздух, па властите привремено ги затворија фабриките и им забранија на децата да одат во училиште.Во среда беше формирана нова полициска единица за заштита на природната средина, чија примарна задача да го искорени нелегалното палење по градот.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter