Вести

Воз кој оди на “ветер“

Холандската национална железничка компанија "NS", денес објавила дека нејзините возови возат на електрична енергија која во целост се добива од ветерници, рекол портпаролот на компанијата Тон Боон, а пренесува "Guardian".

Иако целта на "NS" била овој потфат да се реализира дури следната година, до својата цел дошле една година порано. Еден од клучните фактори за брзото остварување на целта лежи во порастот на бројот на ветерниците покрај брегот, но и на копното на Холандија, рекол Боон. Во склоп на "NS" дневно возат околу 5.500 возови, а се пренесуваат околу 600.000 патници - сето тоа со помош на ветер."Една ветерница која е во погон еден час, може да создаде енергија која е доволна еден воз да мине 200 километри", рекле од компанијата.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter