Вести

2 CELLOS го одбија Трамп

Во менаџментот на „Ту челос“ пристигналa покана  од кабинетот на новиот американски претседател Дoналд Трамп (70), кој изразил желба познатото дуо да настапува на неговата инаугурација.

Стјепан Хаусер (30) и Лука Шулиќ (29) се само уште едни од изведувачите коишто ја одбиле таа покана.Селин Дион, Гарт Брукс, Андреа Бочели и Елтон Џон - се некои од ѕвездите кои, исто така, секој од своја причина, ја одбија поканата за настап на инаугурацијата на Трамп.„Оваа покана е уште еден доказ во низата дека е препознаен квалитетот на ова дуо и дека нивниот настап и тоа како е важен и на вака ретки пригоди од исклучителна важност“, стои во соопштението.Но, поради однапред планираните и неодложливи професионални обврски Стјепан и Лука се заблагодариле на поканата и нема да бидат учесници на инаугурацијата на новиот американски претседател.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter