Вести

За невработен 560 евра надомест

Финска е првата земја во Европа која, во рамки на социјален експеримент, на невработените ќе им исплаќа основна месечна заработка од 560 евра.

Оли Кангас од агенцијата на финската влада КЛЕА, која е надлежна за социјални прашања во земјата, изјавил дека на 1 јануари почнал пробниот период во траење од две години, во кој учествуваат 2000 случајно избрани граѓани, кои ќе примаат надоменст за невработени.После две години ќе биде споредено однесувањето на таа група невработени со еднаква група која и понатаму ќе прима редовен месечен надомест од берза, која исто така изнесува 560 евра. Разликата е во тоа што ќе се тестира моќта на вработените а приходите од 560 евра  и понатаму да им останат, додека останатите невработени губат помош ако најдат работа.Инаку, поединици ја критикуваат Финска бидејќи, како велат, 560 евра не се доволни за живот, а повеќето Финци, 69 отсто од нив, ја поддржуваат идејата, но доходот да изнесува 1 000 евра. Данска во Утрехт експерименатлно воведува доход од 972 евра, од што може да се живее, истакнува за Блумберг Леонид Бесшидски и го критикува финскиот експеримент како прескромен, преплашлив.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter