Вести

Нацијата старее, старосната граница намалена

Долниот дом на полскиот парламент одобри намалување на возраста за пензионирање во земјата до 65 години за мажите и 60 години за жените, пренесува Ројтерс.

Намалувањето на возраста за пензионирање беше едно од основните предизборни ветувања на владејачката партија „Право и правда" на претседателот Анджеј Дуда.Многу економисти и опозицијата го критикуваат потегот како премногу скап за буџетот.Претходното центристичката влада на партијата „Граѓанска платформа",  ја зголеми возраста за пензионирање, за да се намали притисокот врз буџетот. Утврдено е постепено зголемување до 67 години и за мажите и за жените.Полска со 38 милиони луѓе е меѓу земјите со најбрзо стареењето во Европската унија.Намалувањето на возраста за пензионирање треба да биде одобрено и од Сенатот, каде доминира „Право и правда", и од претседателот, пред да влезе во сила.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter