Вести

Дива свиња ја тероризира Далмација

Дивата свиња станала најлутиот непријател на далматинските земјоделци, кои секојдневно од сите страни апелираат и бараат помош бидејќи, велат, толку се намножиле на тоа подрачје така што не би се зачудиле доколку ја затекнат и во своите куќи, бидејќи како што велат, веќе ги освоила бавчите, лозјата, маслинарниците....

Помош бараат земјоделците од Брач, Хвар, Млет и Корчула, од сите четири далматински окрузи. Мештаните раскажуваат дека дивата свиња е полоша од болест, дожд, град, горештини и зима заедно.  Тоа е Содома и Гомора, тоа е народен непријател. Итра е, силна, горопадна, дива. И многу опасна. Дотолку, што еден наш ловец неодамна мораше до утрото да виси на стебло, бидејќи под дрвото го чекал здивениот вепар. Дали треба некого свињата да убие, за некој да сфати дека ние на Хвар живееме под терор на тој див монструм? Дали треба да придизвикаме пуч за некој да сфати каква битка ние водиме - се пожалиле за „Слободна Далмација“ мештаните на Свирче.Мештаните раскажуваат дека дивата свиња се руши, ждере, ровари, ги јаде дури и малите јагниња. Демне зад дрвјата, ја претрчува улицата, ги напаѓа возилата браејќи ги своите малечки, а на удар се луѓето на островот, кај кои се „одомаќинила подобро од домашна мачка“. Инаку природен непријател на дивите свињи е единствено волкот. Мештаните сега бараат измена на законот за да се знае во чија надлежност се ваквите ситуации. 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter