Вести

Да се воведе данок на шеќер

Научниците за дијабетес ги повикале светските лидери да воведат додатни даноци за шеќер, за да се намалат трошоците за болничкото лечење на граѓаните.

Во пресрет на лидерската средба на G20 лидерите идниот викенд, Меѓународната федерација за борба против дијабетесот укажува на фактот дека на секои шест секунди една личност умира од дијабетес, што оваа болест ја прави поголем убиец од ХИВ, туберкулоза и маларија заедно! Федерацијата проценува дека повеќето земји трошат меѓу 5 и 20% буџет за здравството за лекување на овие болести. Дијабетес тип 2, кој се поврзува со здебелување и недостаток од физичка активност, најчест е во земјите во развој, кои од неодамна го прифатија западниот начин на исхрана. Најголем број на дијабетичари во светот моментално живеат во Кина. До 2040 година се проценува дека секој 10-ти човек на светот ќе пати од оваа болест.Некои земји, вклучувајќи ги Мексико, Чиле и Франција, веќе експериментираат различни варијанти на оданочување на шеќерот, но со големи противења од страна на прехранбената индустрија.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter