Вести

Кому му беше ќар да го убие Гадафи

Во никогаш разјаснетите околности за убиството на Гадафи, кој според официјалната верзија бил убиен од бунтовниците, се споменува и можна вмешаност на француските разузнавачки служби.

Резултатите од рушењето на либискиот лидер Моамер Гадафи се растот на исламизмот и бегалската криза, кои ја дестабилизираат Европа. Архивите на Триполи укажуваат на тоа дека, покрај британските служби, со разузнавачките служби на Гадафи соработувала и ЦИА. Минаа четири години откако светот речиси во живо го следеше мачењето и убиството на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи. Имало и нешто ритуално во изживувањето над човекот кој 40 години бил недопирив "врховен лидер" на Либиската држава.Со симболичниот акт со кој лидерот бил сведен на рамниште на животно, завршена била казнената експедиција на Западот, чија цел била не само да го урнат од власт, туку и да му оневозможат да ги изнесе тајните кои ги делел со домаќините во Елисејската палата и Даунинг стрит. Некои од овие тајни сепак го пронашле патот до јавноста.Меѓу документите кои биле пронајдени во зградата на либиската влада при рушењето на Гадафи, имало и писмо од Тони Блер до Гадафи од 2007. година, во кое британскиот премиер се заблагодарува за одличната соработка меѓу разузнавачките служби на двете земји за разбивање на тероризмот. Тоа било во времето кога Велика Британија ѝ помагала на Либија да им влезе во траг на либиските опозиционери кои биле киднапирани и вратени назад во Триполи заедно со семејствата, каде биле затворени и мачени.Писмото кое почнува со "Драг Моамер", и завршува со "Најдобри желби, засекогаш твој Тони", се наоѓа меѓу документите кои го собирал правен тим од Лондон. Поранешните политички опоненти на Гадафи сакаат да го тужат Блер поради помошта која на либанскиот лидер му ја давале британските разузнавачки служби, MI5 и MI6, за да им влезе во траг. Архивите во Триполи укажуваат на тоа дека, покрај британските служби, со разузнавачките служби на Гадафи соработувала и ЦИА.Во неавторизираната биографија на Дејвид Камерон, која е најавена како "најексплозивна политичка книга на деценијата", се наведува дека Блер се обидел да го спаси Гадафи пред бомбардирањето на Либија, но тогашната влада од конзервативци одлучила дека неговото убиство е во нејзин интерес. Причина вечно да го замолчи имала и француската влада. Никола Сакрози веројатно најмногу се истакнал во напаѓање на злобниот диктатор кој ги крши човековите права. "Цивилизираниот свет" морал да одговори со бомбардирање. Подоцна се воспоставило дека Гадафи ја финансирал претседателската кампања на Саркози во 2007. година со 50 милиони евра, што покажала истрагата која ја водел угледниот француски информативен портал "Mediapart".Во една од тајните епизоди на војната во Либија, со која и денес се занимаваат париските судии, поддршката на Гадафи за Саркози била договорена на состанок на двајца блиски соработници на либискиот лидер и францускиот министер Брис Ортефо, пријател на Сакрози и човек од доверба. Во никогаш разјаснетите околности за убиството на Гадафи, кого според официјалната верзија го убиле бунтовниците, се споменува и можна вмешаност на француските разузнавачки служби. Италијанскиот весник "Corriere della sera", во 2012. година цитирал дипломатски извори од Триполи, кои навеле дека либискиот претседател бил убиен од странец, најверојатно Французин. Агентот на француските служби, според овој извор, бил во групата која дошла до Гадафи, и му пукал во глава.Махмуд Џибрил, либиски политичар кој ја предводел опозицијата, која во 2011. година од Франција и Западот била призната како единствен претставник на либискиот народ, за една египетска телевизија изјавил дека во револуционерните бригади кои го убиле Гадафи бил инфилтриран и еден странец. Како причина за убиството ја навел врската со францускиот претседател и финансирањето на неговата кампања.Либија во меѓувреме потонала во граѓанска војна и економски хаос, со ривалски вооружени групи кои убиваат цивили и уништуваат градови, аеродроми, палат нафтени рафинерии, со цел да дојдат до моќ и влијание.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter