Вести

“Тајотките“ се подарок од САД и Британија

Возилата на јапонската фабрика Тојота што ги користат џихадистите на Исламска држава се дел од помошта на САД и Велика Британија за противниците на сирискиот претседател Башар Ал Асад, а потоа завршиле во рацете на екстремните исламисти, вели Спутник.

Портпаролката на министерството за надворешни работи Марија Захарова тврди дека американската војска и нејзините британски сојузници им ги испорачувале „тојотите“ на своите штитеници во Сирија.„Не сме сите зачудени од тоа што терористите во Сирија користат теренски возила на Тојота, особено екстремистите на Исламска држава. Одговорот на ова прашање е во деловите под контрола на ИСИС, а не во Јапонија... А одговорот е очигледен. Возилата на Тојота беа доставени во Сирија од страна на Американците и Британците, и западните медиуми неколку пати пишуваа за тоа“, кажа Захарова.Информациите за тоа дека американскиот Стејт департмент и Пентагон на сириските бунтовници им испратиле 43 пикапи „тојота“ во 2014 ги објавија повеќе американски медиуми.Во 2013 година, пак, британски Индипендент пишуваше за тоа дека владата на Велика Британија на сириските бунтовници има испратила помош, во рамки на која имало и теренски возила.Меѓутоа, сириската „умерена опозиција“, како што ја вика Западот, по некое време им предале голем дел од возилата и оружјето на Исламска држава, па сега исламистичките милитанти се возат во „тојоти“, кои станаа нивен „заштитен знак“.Дамаск и Москва веруваат дека и најновите пратки со оружје и муниција кои американските авиони ги фрлаат во Сирија за „умерената опозиција“ ќе завршат во рацете на ИСИС и ќе бидат користени во пресметките со сириската војска и руските авиони, кои ги напаѓаат позициите на терористите.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter