Вести

Афери на годината

Годината што одминува ја китеа неколку афери.Афера Трговски центар, афера инсулини, и афера вода од Злетовица.

Аферата Трговски центар која почна во 2013 година по пет години , со поништувањата на одборенијата од поранешниот градоначалник за доградба и реконструкција, е затворена. Трговскиот центар со доградбата и реконструкцијата и од надвор и од внатре се дивоградби и сега треба да се посатпи согласно Законот за градење, односно за дивоградење.

Граѓанскиот активнист Трајче Митев, го обелодени шверцот на инсулини од Турција, пардон Алепо Сирија , под брендот “Новонордиск“. Данците се најдоа во тесно,бидејќи ги мамеле и нив, па сега дијабетичарите добиваат инсулини директно од фабриките на Новонордиск во Данска.

И третата афера обелоденета од Трајче Митев се однесува на водата од Хидросистемот Злетовица. Тој ги обелодени анализите направени од Институтот за јавно здравје на Македонија, со кои се контатира дека водата на злетовица е и бактериолошка и радиолошка бомба, и е вода од која населението не треба да пие.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter