Вести

Non panta rei.

Во Штип се‘ тече ништо не се менува.Продолжуваат новокомпонираните градски денови.Празници со политичка одлука не се прават.

Штип како град мора еднаш низ јавна расправа да утврди кои денови ќе ги слави како традиција, како нематеријално културно наследство и слично.Има неколку денови кои отсекогаш ја имаат почита кај граѓанството.Св.40 маченици, штипјани го викаат Четрсе.Овој празник како нематеријално културно наследство е влезен во календарот на УНЕСКО. Повеќе илјаден народ се качува на Исарот, што е феномен незабележан на овие простори.Успението на Пресвета Богородица , кај народот познат како Мала Богородица, има долговековна традиција, таква традиција има и празникот Архангел Михаил.Секако тука спаѓа и денот на ослободувањето на Штип , од фашистичкиот окупатор 8-ни ноември.Сигурно има уште некој ден кој би бил отслик и на битисувањето од дамнина на Штип, но и би се рефлектирал во сегашнината и иднината, и истиот да не биде донесен од политичка мотивација.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter