Вести

Дом на млади , театарски фокус

Дом на млади , ретко кој претпоставуваше дека ќе стане драмски фокус во Штип.Но ете се случи тоа што никој не го предвидуваше.

Дом на млади го организираше единствениот театарски фестивал со наслов “Театар во куфер“. Публиката виде шест врвни претстави , а беше организиран и театарски симпозиум.Плус со две претстави учествуваше на меѓународни театарски фестивали во Пазарџиќ Бугарија и Во Бања Лука и во Тузла босна и херцеговина. Дом на млади во Пазарџик се претстави со “Антигона“ од Софокле,додека пак во Бања Лука и Тузла на два меѓународни фестивали учествуваше со монодрамата “Чекачот“. Уште плус Дом на млади во Штип го донесе мега популарниот балкански актер Тарик Филиповиќ со монодрамата “Ќиро Блажевиќ“.Со цел презентација на театарското творештво публиката можеше да види стенд ап настап на Бојан Велевски.Со овие театарски активности на Дом на млади колку толку се ублажи влијанието на празниот простор поради неработењето на Центарот за култура Ацо Шопов.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter