Вести

Петар Мицевски ги предводи борците

Денеска Општинскиот одбор на СЗБ од НОВ, одржа Вонредно собрание, на кое е избрано новото раковдство.

Да потсетиме, пред извесно време починаа и претседателот и потпретседателот на Општинскиот одбор на СЗБ од НОВ, Трендафил Атанасовски и Ангел Митев На нивни места , се до одржување на Изборното собрание во месец јуни идната година се избрани Петар Мицевски, претседател Мијалче Наумов, секретар ( на фотографијата), Велин Јованов, потпретседател.На Вонредното собрание е усвоена програмата за работа за идната година. Покрај другото, во програмата се предвидува да се изградат споменици на првиот генерал Михајло Апостолски,Киро Глигоров,, Никоа Кљусев, Јордан Мијалков. Исто така е планирано да се обноват спомен бистите на Милојко Пантовиќ и Васил Доганџиски, како и да се изгради спомен плоча на Киро Кукушев..

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter