Вести

Акцијаши :Оооорук!!!

По одржаното основачко собрание на Здружението акцијаши волонтери „Пат на младоста“- Штип ,дојде честитката од невладиниот сектор во Штип.

Претставникот на граѓанскиот сектор во Штип, Трајче Филипов информираше дека е доделена и просторија за работа на штипското здружение просторија која се наоѓа во спортскиот центар “Џексон“. Оваа просторија ќе биде декорирана со фотографии, значки, бригадирски униформи, книги пишувани од акцијашите, кои ќе асоцираат на едно убаво (не) заборавно време.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter