Вести

Конкурс за наградата “8-ми Ноември“

Наградата 8-ми Ноември е највисока општинска награда што ја доделува Советот на Општината Штип по повод Денот на град Штип.

Наградата 8-ми ноември се доделува на истакнати личности и правни лица кои имаат посебни заслуги и придонес во афирмацијата и развојот на градот во петогодишниот период во областите: образование, наука, уметност, спорт, стопанство, хуманост и др.Право да предлагаат кандидати имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Штип .Предлогот мора да е образложен, со приложена кратка биографија. Предлагачите притоа мора да приложат и полна адреса и назив на седиштето, односно името и адресата. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето. Предлозите се доставуваат до Комисијата за доделување на награди на Општина Штип, ул. „Васил Главинов“ бр.4Б или во архивата на Општина Штип.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter