Вести

Започна изградбата на детската градинка

Во населбата “Сењак“ започна градбата на детската градинка.

Градинката е еден од капиталните проекти на општинските власти, но и исполнување на ветеното кон штипјани од страна на градоначалникот Благој Бочварски.Изградбата на градинката ќе чини нешто повеќе од 50 милиони денари или околу 800.000 евра. Седумдесет проценти од оваа сума се средства обезбедени од буџетот на Општина Штип, додека околу 30% од ИПР преку Биро за рамномерен и регионален развој. Градинката треба да биде изградена за 12 месеци.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter