Вести

Техника добива ново раководство

Вечерва на иницијатива на повеќе клубови членови на асоцијацијата Народна техника, ќе се одржи вонредно изборно собрание.

Клубовите јавно искажаа незадоволство од досегашното неработење на Народна техника, а откако Народна техника во Штип остана и без претседател, неминовно беше одржување на вакво собрание.Со години напластените проблеми кои не се решавале, потоа сомнителните договори за издавање на деловен простор, како и сомнителен статус на вработените, секако се дел од мотивацијата на незадоволните клубови.Вечерва од 20 часот во салата на општината ќе се одржи ова собрание на кое ќе биде избран претседател и други тела и органи на Народна техника – Штип.Собранието е закажано на иницијатива на Аеро Клуб – Штип, Радио клуб “Гоце Делчев“, Фото кино клуб “ванчо Прке“ и Здружението на пронаоѓачите и иноваторите ЗПАТУ

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter