Вести

“ЈНА“ напред “Партизанска“ -стој

Јавното претпријатие “Стипион“ и покрај горештините  интензивно работи на уредување на едната страна од булеварот ЈНА.

Се поставуваат бехатон плочки на тротоарот, а се уредува и паркинг простор.Убавина за граѓаните во населбата 8-ми ноември.Стотина метри  источно се наоѓа улицата или недовршениот булевар “Партизанска“.Тоа секако е една од најфрекфентните сообраќајници во Штип.Пред повеќе од 5 децении е ставена базалтната коцка, и оттогаш, не ма тротоар.Улицата е целата дупки, е тесна и премногу ризична за сите учесници во сообраќајот.Најмногу е ризична за жителите чии дворови се на самиот коловоз.Жителите се гневни и најавија дека штом ќе почне учебната година за да ги заштитат децата, внуците и самите себе ќе ја блокираат улицата се додека истата не биде завршена и безбедна.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter