Вести

Студенти од Бугарија кај градоначалникот Бочварски

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, имаше средба со студенти од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Р. Бугарија.

Како резултат на соработката помеѓу Советот на млади на Општина Штип и Студентскиот Совет на Великотрновскиот Универзитет се реализираше размена на студенти од програмата Еразмус за практична програма. Денеска пристигнаа шест студенти со различни профили на високо образование, кои ќе можат да научат нешто повеќе и да придонесат во развивање на своите вештини во две институции во градов, а тоа се Дом на млади и Центарот за социјални работи. Деновите во коишто ќе го реализираат својот престој овде ќе бидат исполнети со богата програма, во која спаѓаат и проекции на современи бугарски филмови и сл

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter