Вести

Партизанска од средниот век

Денеска кај основното училиште Тошо Арсов  за влакно избегната трагедија.Радоста од крајот на учебната година можеа да ја платат тројца ученици во ова училиште.

Минувајќи ја улицата на делот карши Автомото друштвото автомобил за влакно ќе ги собереше на базалтната коцка тројцата ученици.Среќа е што имаше хепиенд.Возачот блед и децата бледи како крпи, зошто, поради непрегледноста на оваа улица “Партизанска“.Овој ден од овој наводно регионален пат, со декрет треба да се затвори за сообраќај.Повеќе од дваесет години е планирано булеварското решение.Дел е реализирано и завшрува токму кај училиштето, потоа продолжува базалтна коцка, која е ископана, која не е нивелирана и продолжува коловоз без тротоар.Следува кривина,  но и поради зградите од некогашната касарна , немате преглед, и ете ја повторно оваа случка, која не е прва, откако е поставена базалтната коцка.Лесно и е на локалната самоуправа да живее од ветувања, но ќе живеат ли безгрижно, за повредени деца, за причинети материјални штети.Само поради тоа што администрацијата зема плата, клатејќи врата.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter