Вести

Полицаец пукал во воздух да ги смири тепачите

На штипската крстосница меѓу улиците Мирче Ацев и Вита Поп Јорданова, дошло до нарушување на јавниот ред и мир, откако 26-годишен штипјанец под дејство на алкохол со неговото возило прво удрил во тезга за продажба на производи, а потоа и во две паркирани возила.

„Имено, дошло до тепачка помеѓу предизвикувачот на сообраќајната незгода и двајцата сопатници од неговото возило од една страна и сопственикот на тезгата и негови двајца роднини од друга страна кои во меѓувреме пристигнале на негов повик“, соопштија од МВР.Од полицијата истакнуваат дека заради воспоставување на јавниот ред и мир и контрола над учесниците во тепачката кои се оглушувале на дадените усни наредби да престанат со дејствијата полициски полициски службеник од службениот пиштол испукал еден предупредувачки истрел во воздух.

 

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter