Вести

Емил Павлов достојно дочекан во Штип

Емил Павлов е европски првак во карате во категорија до 61 килограм.Тој со пет победи го освои златото на Европското карате првенство што се одржа во Нови САд-Република Србија.

Ова е втор пат како штипскиот спортски јунак е Европски првак во карате во неговите категории.Во негова чест градоначалникот Благој Бочварски организираше прием за Емил Павлов и за неговиот штаб.На приемот покрај Емил беа селекторот на репрезентацијата Сашко Арсовски и другиот штипски учеснник Жарко Арсовски.Во знак на благодарност на Европскиот првак му беа врачени ваучер од 50.000 денари и рачен часовник.Емил Павлов се заблагодари за приемот, и нормално вети уште поглеми  резултати, и секако учество на Олимписките игри во Токио.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter