Вести

Градежно сообраќаен метеж

Делот на вкрстувањето на булеварот Партизанска со улицата Сремски фронт, е невозможен за сообраќај.

Причина за тоа е металниот бедем  ставен поради потребите на градежна фирма.На почетокот на градежните работи, металната ограда беше поставена  на тротоарот. Потоа се прошири и на делот за велосипеди, а сега и на коловозот. Од нова година па наваму сите учесници во сообраќајот се можни жртви на узурпацијата на коловозот и тротоарот.Попладнево се случи за малку да настрада бебе во количка со неговата мајка, бидејќи нема оптичка видливот токму на тој дел од сообраќаницата, иако мајката со бебето беше на пешачкиот премин.Претпазливоста беше среќа и за едните и за другите. Оваа крстосница без друго беше место на кој се случуваа повеќе сообраќајќи, сега работите можат да бидат уште полоши, бидејќи некој не може да разбере дека оградата не треба да стои цело време распослана на коловозот и тротоарот.Ниту автомобилите, уште помалку пешаците имаа крилја.

 

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter