Вести

Кој сакаше да ја распродаде Народна техника

Народна техника не  така одамна беше носител на воншколските активности во техничките науки, па дури и во  уметноста.

Се сменија времињата, се смени малку и политиката па Народна техника од Штип остана на маргините, па дури и како правно лице можеби не егзистираше.тоа по што ќе се сеќаваат сегашните генерации и објектот на оваа асоцијација лоциран во центарот на Штип.И тој објект можеше да ја доживее судбината да биде распродаден за багателна цена.Малку требаше да се случи тоа, и ќе се случеше на 30-ти декмври сабота 2017 година. Кога УЈП постапувајќи по судско извршно решение , реши да продава од објектот на Народна техника.На интервенција на дологодишни членови од Штип, но и од Народна техника на Македонија во Скопје, ваквата продажба беше стопирана.Спречувањето на продажбата секако значи почеток на серијал на приказни на каков начин е обезвреднувана Народна техника како асоцијација на повеќе клубови како Радио клуб, аеро клуб, фото клуб,сојуз на пронаоѓачи и иноватори и други.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter