Вести

Чиста вода за Балканска и другите населби

Балканска па и другите населби лоцирани во тој ареал, ќе добиваат вода за пиење од водоводниот систем на Јавното претпријатие “Исар“.

Досега наслебите Балканска, Чардаклија и Македонка , одосно тамошните жители пиеја вода од некогашниот систем на Македонка.Вода која е техничка бидејќи не беше прочистувана преку филтер станица. Во првата фаза ќе се изгради транзитна делница Препумпна станица – Балканска во должина од 1300 метри, која ќе чини повеќе од 16 милиони денари, од кои 8.500.000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Штип за 2018 г., а останатите од ЈП „Исар“.Со оваа активност се реализира ветувањето на градоначалникот Благој Бочварски , жителите од овие населби да добиваат квалитетна вода за пиење.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter