Џими Картер:Припојувањето на Крим со Русија е неизбежно

Џими Картер:Припојувањето на Крим со Русија е неизбежно PDF Печати Е-пошта
Вторник, 25 Март 2014 17:07

Поранешниот американски претседател, 80-годишниот Џими Картер, денес изјавил дека припојувањето на Крим кон Русија било неизбежно.

Москва го смета полуостровот за дел од својата територија и поради тоа што голем дел од жителите на Крим се сметаат себеси за Руси.На рускиот претседател Владимир Путин, меѓутоа, не треба да му се дозволи да оди подалеку од Крим, истакнал Картер во емисијата на водителот Дејвид Летерман на ТВ каналот Ен-би-си.Картер во емисијата потсетил на настаните од 1979 година, кога тогашниот советски лидер Леонид Брежњев извршил инвазија на Авганистан, по што американскиот амбасадор во СССР објавил воведување ембарго и повлекување од Олимписките игри во Москва во 1980.„Ние потоа решивме да ги вооружуваме борците за слобода“, додал Картер, истакнувајќи дека со тоа „Русите биле успешно сопрени“.Џими Картер кажал и дека верува дека Путин би го извршил припојувањето на Крим без оглед на тоа како сегашниот претседател на САД Барак Обама или европските земји се обиделе да го спречат, но истакнал дека тука Путин треба да биде сопрен.

 

 

Радио Штип во ЖИВО

Банер

 

Банер
free counters