Хидинк ја презема Холандија PDF Печати Е-пошта
Вторник, 25 Март 2014 17:01

Гус Хидинк ќе го наследи Луј Ван Гал, на клупата на холандската репрезентација, по завршувањето на Светското првенство во фудбал.

Хидинк (67) и Фудбалскиот сојуз на Холандија, во вторникот, ја официјализираа соработката која треба да трае до 2016 година.Покрај Хидинк, договори со Холандската федерација потпишале и неговите помошници Руд ван Нистелрој и Дени Блинд. Се очекува наскоро договор да потпише и Франс Хек, кој ќе биде тренер на голманите, додека Јап Стам ја одбил понудата да биде дел од стручниот штаб на Хидинк.Искусниот стратег веќе бил селектор на Холандија, во периодот од 1994 до 1998 година. Во исклучително плодната кариера Хидинк бил тренер на Реал Мадрид, Бетис, ПСВ Ајндховен, Челзи и Анжи од Махчкала, додека како селектор работел во Јужна Кореа, Австралија, Русија и Турција.Холандија на Светското првенство во Бразил во првата фаза ќе се натпреварува со Шпанија, Чиле и Австралија

 

 

Радио Штип во ЖИВО

Банер

 

Банер

Моментално Посетители

Има 33 гости присутни
free counters