Неимар проблем на Барселона PDF Печати Е-пошта
Вторник, 25 Март 2014 16:59

Легендарниот холандски фудбалер, Јохан Кројф, рекол дека неприфатливо е Нејмар веднаш по доаѓањето во клубот да стане најплатениот играч на Барселона.

„Проблемот на Барселона е Нејмар. Тој без сомнение е голе играч, но не можете да донесете во тимот 21-годишен фудбалер и да му дадеш поголема плата од фудбалерите кои освоиле се во фудбалот. Покрај тоа Барселона веќе го има најдобриот играч на светот, Лео Меси и 21-годишно момче не може да биде клучен фактор во тимот. Тоа во фудбалот е невозможно“, изјавил за „Ел Мундо Депортиво“, Кројф.Холанѓанецот бил играч на барселона во периодот од 1973 до 1978 година, а потоа и тренер на Каталонците во периодот од 1988 до 1996. Со Барселона има освоено пет шампионски титули во примера (четири како играч и една како тренер), а од клупата го предводеше тимот до освојувањето на првата титула во Лигата на шампиони во 1992 година. Нејмар, минатото лето од Сантос се пресели во Барселона, неговиот трансфер предизвика многу скандали, откако судот утврди дека Барса за него платила речиси 100 милиони евра, а не 57 милиони евра.

 

 

Радио Штип во ЖИВО

Банер

 

Банер

Моментално Посетители

Има 45 гости присутни
free counters