Само-убиство PDF Печати Е-пошта
Вторник, 04 Март 2014 17:04

Во убаво уредената вила во Суитлак, е пронајден мртов Горан Даскалов.

Даскалов, е познати штипски стопанственик, кој долго време беше и претседател на кластерот за текстил во штип.ПОзнат е и по тоа што беше претседател на фудбалскиот клуб Брегалница.Смртта иако за тоа никој не сака да зборува, ниту полицијата, ниту обвинителството, е последица на прострелна рана во неговото тело.Исто така непознато е дали тој се самоубил, или е убиен.Горан Даскалов, не оддаваше знаци, според својот темперамент дека би направил чин, на самоубиство.Во јавноста важеше  за енергичен , темпераментен човек, но никој освен неговото семејство, не ги знае деталите за неговите деловни ангажмани и планови.Од функцијата  претседател на популарниот штипски фудбалски клуб Брегалница , беше разрешен непосредно по одржувањето на локалните избори.Мандатот во Брегалница  од финансиски аспект, не го заврши најуспешно, но и тоа е само можна причина за смртта на Горан Даскалов.Во Штип надлежните, секако и јавноста чекаат на резултатите од обдукцијата, па потоа да се каже дали Даскалов е убиен, или се самоубил.Никој од соседите  не сака да говори пред камера, истакнувајќи само дека немале никакви недоразбирања со веќе покојниот им сосед Горан Даскалов.

 

 

Радио Штип во ЖИВО

Банер

 

Банер

Моментално Посетители

Има 35 гости присутни
free counters