Вести

Емил Павлов и останатите

Спортист на годината на Штип е Емил Павлов, каратист на КК Штип и европски шампион.

Редакциите на Радио Штип и Штипски асови ги објавуваат резултатите од првиот дел на анкетата за најдобрите спортисти и спортски работници во 2018 година. Останува уште да ги објавиме и најдобрите во пионерска конкуренција. Најдобрите во оваа категорија ќе ги објавиме дополнително.
Според очекувањата, спортист на годината на Шитп е Емил Павлов, каратист на КК Штип и европски шампион. На второто место на нашата ранг листа во сениорска конкуренција се наоѓа Жарко Арсовски, исто така каратист, носител на бронзен медал на МИ во Шпанија, балкански шампион и седми на СП во екипна конкуренција, Дејан Митров, борач, трет на МИ во Шпанија. Најдобар тренер- селектор е Сашко Арсовски, најдобар клуб е КК Штип.Фотографија на годината е победата на Жарко Арсовски во борбата за бронзениоит медал и реакциите на неговиот брат Сашко по оваа победа.
Во конкуренција на млади лауреати се БК БАРГАЛА, кој стана државен првак во младинска конкуренција и тренерот Петар Чурлиновски, со неговиот асистент Бергин Демиров- Бико.Прв на ранг листата на младите е Стефан Штерјов, борач на Балканец, кој стана балкански шампион и освојувач на 5 место на ЕП. Славче Арсов, кик бокс е втор на оваа ранг листа, а Алпај Демиров боксер -трет.Признанија ќе добијат Петар Чурлиновски, кој со екипата на Баргала освои две титули - екипната државна титула и титулата во младинската лига. Исто така, признание ќе добие и тренерот на Балканец Давор Тасев, тренер на младите категории.
За менаџер кој вложи свои пари во спортот во претходната годината е избран познатиот спортски работник, Кирил Гогов кој оваа година ги доби речиси сите признанија на изборот на најдобрите подржувачи на спортот.
Според гласовите и лајковите што ги доби на ФБ, Влатко Костов е избран за најпопуларна личност во Штип.Најдобар спортски работник е Драган Митов од ФК Кежовица.
За континуирана работа со младите категории признанија ќе добијат и Виктор Велинов, џиу џицу, Шенол Асанов, кик бокс,Влатко Манев и Борче Постолов, футсал, Методи Петров и Мирко Јакимовски, пливање, Трајче Тасевски, Благој Тасевски и Ванчо Санев одбојка, Виктор Богданов, Давор Тасев, Мики Тодоров и Мијалче Ананиев, борење. Во училишниот спорт Трајче Филипов, а во студентскиот Методи Папаров. Бобан Николов, фудбалер на Мол Види , шампион на Унгарија, штипјанец е најголем афирматор на Штип,за најпозитивна личност комисијата одлучи признанието да му го додели на Зоран Лазов Бонавена, кој отсекогаш , но и сега, живее и го помага спортот, човек со големо благородно срце.
Ниту една ранг листа не може да биде совршена, идеална, па ни оваа. Се трудевме колку што можевме да ги потсетиме најуспешните во изминатата година, да дадеме поттик и на остантите да се вклучат активно во спортското живеење во градот. Ги примаме сите добронамерни забелешки. На сите спортисти, спортски работници, фанови им посакуваме уште подобри резултати во оваа година

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter