Вести

Павлов и Арсовски со злато од “Трофеј Македонија

Во Скопје се одржа традиционалниот „Трофеј Македонија“, на кој настапија и каратисти од други држави.

Штипјани пак го обелија образот на Македонија. Емил Пвлов и Жарко Арсовски беа најдобри во своите категории, Емил ПАВЛОВ извојува победа од 6-0, а потоа го победи и турскиот претставник со 8-0. И Жарко Арсовски немаше проблеми во својата категорија. Убдливо беше најдобар. Бојана МАНЕВА несреќно го загуби првото место. Во првата средба победи, но во финалето со прегласување на судиите, бидејќи средбата заврши 0-0,.победата судиите и ја доделија на противничката. Јована Георгиева беше трета, додека во борбата за трето место, Игор Горѓев загуби од Мартин Нестороски.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter